
Според Мицкоски, во спорот со Бугарија е прифатливо секое решение кое е во рамки на Резолуцијата која што беше донесена во македонското Собрание.
„Секое решение кое е во рамките на Резолуцијата која е поддржана од политичките партии во македонскиот Парламент, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи. Иако во минатото нѐ убедуваа дека немаме отворени прашања со соседите, но како и во други случаи, така и овој пат тие лажат. Се обидуваат повторно со политички маневри да ја замајуваат јавноста“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека што поскоро треба Македонија да добие датум за преговори со ЕУ и тоа треба да се случи сега на овој декемвриски европски самит и не треба писма да пишуваат кои било европски политичари, туку треба да се следат европските елементарни цивилизациски вредности.
„Овој народ многу пати во минатото застанал на тие европски цивилизациски вредности, овој пат треба Европа да му врати на народот на Македонија и да не нѐ уценува со дополнителни отстапки. Тоа нема да го прифати ВМРО-ДПМНЕ. Треба веднаш да се даде зелено светло, Македонија да започне преговори со ЕУ. Европа треба да се одважи да му даде признание на овој народ и да ни даде датум за преговори“, изјави Мицкоски.






