„Прашувам како однапред раководството на СДСМ можело да ги предвиди одлуките на Централниот одбор пред тие да бидат донесени. Дали за ваква внатрепартиска демократија се боревме? Јас нема да дозволам во моето општествено делување демократијата да биде само формална, туку така ќе биде практикувана и во реалност. Како и да се произнесат партиските органи, јас по убедување бев, сум и ќе бидам социјалдемократ и тврдам дека евентуалната одлука за исклучување е плод на желбите и суетите на поединци на раководството на СДСМ. Како инаку би го објасниле фактот дека стотици членови, активисти и симпатизери ја потпишаа граѓанската иницијатива за моја кандидатура. Зарем и нив ќе ги исклучат? Во едно се сложуваме со господинот Заев. Кумановчани знаат што е најдобро за нив, и сигурен сум дека на 17 октомври тоа јасно ќе го покажат поддржувајќи ја граѓанската иницијатива „За Наше Куманово” со имплементирање на реална демократија во пракса“, вели Максим Димитриевски, независен кандидат за градоначалник на Куманово.
Максим Димитриевски до Зоран Заев: Вистинските социјалдемократи секогаш ја говорат вистината и не манипулираат

ТОП ВЕСТИ





