среда, 6 мај 2026

Maкедонците во Пустец го одбележаа патронот на црквата Св. Архангел Михаил

Објавено на

часот

Сподели

„Како секогаш и овој пат бев со моите Македонци во одблежувањето на овој голем празник. Запалив свеќа и се помолив за здравје и напредок. Посакав за многу години да ни е Св.Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец“, рече Стерјовски.

Црквата беше обновена пред неколку години на темелите на стара црква, која била урната за време на комунистичкиот период, а се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев”.

Деновиве директорот на Геодетската управа на Албанија, Артан Ламе при престојот во Пустец, кога ги додели првите решенија, на стотина жители за легализација на нивните домови, заедно со градоначалникот Пали Колефски ја посети црквата и на свешетникот Темелко му го врачи решението за легализација на овој божји храм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ