среда, 6 мај 2026

Линхарт порача: Бараме почеток на преговорите со Македонија во декември

Објавено на

часот

Сподели

„Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се залагаме и ќе продолжиме да се залагаме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање, и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно“, порача Линхарт.

Неговата оценка е дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Македонија и за Албанија, туку тоа може да има позитивни влијанија за целиот регион на Западен Балкан. Според него, сѐ додека земјите од Западен Балкан не се членки на Европската Унија, сѐ дотогаш ЕУ не го завршила интегрирањето.

„Северна Македонија е типичен пример за кандидат во ЕУ. Затоа Австрија и натаму ќе се залага за почеток на преговорите со Северна Македонија“, порача Линхарт и додаде дека силата и благосостојбата на Западен Балкан, значи сила и благосостојба за цела Европа.

Османи потврди дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на интегрирањето на Западен Балкан во Европската Унија.

„Се наоѓаме во еден исклучително важен период за европските интеграции на државата и на целиот регион. Му кажав на министерот дека во Северна Македонија и во нашето досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион, бидејќи оттука треба да почне деблокирањето на регионот преку започнување преговори со Северна Македонија и Албанија што потоа ќе ги охрабри и другите држави да ги решат споровите со цел регионот да се движи во европски правец и да стане дел од ЕУ“, рече Османи.

Тој додаде дека декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Ние сме многу проактивни за преговорите со ЕУ. Треба да се зачува политичката стабилност. Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија. Гледаме дека 26 земји од ЕУ се за тоа дека тоа треба да биде во декември. Дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада. Важно е дека ние не дозволивме да бидеме дел од проблемот, туку сме дел од решението“, рече Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ