Претседателот на ЛИДЕМ Димитар Ванчов вели дека со креирање на конструктивни политики младите во земјава можат да бидат рамо до рамо со своите врсници од цела Европа и смета дека партиите наместо да го занемаруваат тоа прашање, треба да прифатат и со тоа да дадат пример во регионот.
Генералната секретарка на ЛИДЕМ, а воедно и најмладата кандидатка за градоначалничка на скорешните локални избори Теодора Димитровска упати порака: „Европските либерални политики во делот на намалување на старосната граница за правото на избор треба да се применуваат и во земјава, младите од 16 години да имаат право на глас”.
Како што соопшти ЛИДЕМ, д-р Марко Кртолица, доцент на Правен Факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, професорот д-р Антони Новотни и средношколката Милена Богдановиќ, секој од свој аспект образложија зошто треба на младите да им се укаже доверба.






