сабота, 21 јуни 2025
Време

Од утре пад на дневните температури за 3 до 5 степени

Од утре пад на температурите за три до пет степени, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, ќе дува и умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 36 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во втроник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне 34 степени. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува и во среда и четврток за кога дневните температури се очекува да изнесуваат максимум 33 и 34 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ