Taa изјави дека финансиската поддршка е поврзана со спроведувањето на реформите и економската интеграција на земјите од Западен Балкан во европскиот пазар. Според неа, Планот за раст има цел да ја забрза економската конвергенција и да им овозможи на државите од регионот побрзо да се приближат до европските стандарди.
Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан предвидува вкупен пакет од шест милијарди евра за периодот 2024–2027 година, составен од грантови и поволни заеми. Средствата се условени со конкретни реформи во областа на владеењето на правото, економијата, дигитализацијата, енергетиката и регионалната соработка.






