Шабани рече и дека Министерството за образование и наука нема точна бројка колку од наставниците се вакцинирани и ревакцинирани, ниту колкав е бројот на оние кои не пројавиле интерес за вакцинација.
„Начинот на настава се реализира според упатствата што ги добиваме од надлежните здравствени установи и тела, главно од Комисијата за заштита од заразни болести. Приоритет нѝ беа наставниците кои изведуваат физичка настава, а за останатите наставници, во координација со здравствените власти, кои даваат насоки за термини вид на вакцина. Засега нема механизам или кампања за подигнување на свеста кај оние наставници, кои во септември треба да се вклучат во редовниот процес со физичко учество во наставата. Ние не можеме да ги принудиме да се вакцинираат“, рече Шабани.
Тој потенцира дека МОН е во координација со Министерството за здравство и продолжува да доставува списоци и податоци за групи од воспитно-образовниот.






