Минатата недела професорите организираа и „Протестна изложба“ на истото место пред МОН, на која беа изложени уметнички дела создадени од професорите.
Мнозинството професори уште од минатата година бараат да биде разрешен в.д. директорот за кого сметаат дека бил незаконски поставен, но и кого го обвинуваат за незаконско работење, за носење на незаконски одлуки, меѓу кои менување на нормативот на училиштето, oдржување на Наставнички совет без кворум со носење на одлуки, зголемување на својата плата на незаконски начин, како и за неколегијален однос и „диктаторско“ управување со училиштето.

Пред три дена тие доставија уште една претставка до Просветниот инспекторат и бараат да се изврши контрола на работењето во училиштето.







