„Она што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година“, изјави Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека сѐ уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес и најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент.
„Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е се добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент“, нагласи Филипче.






