сабота, 16 мај 2026

Донација од Данска, пристигнуваат 250.000 вакцини „Астразенека“

Објавено на

часот

Сподели

Од таму велат дека во моменталната епидемиолошка ситуација, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „Астразенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „Астразенека“ со земјите на кои им е потребна.

„Нашите соседи на Балканот имаат значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници и го зголемува ризикот од нови жаришта, кои може да се појават и да се прошират. Затоа ми е драго што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата“, изјави министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ