сабота, 16 мај 2026

Четири случаи на делта сојот потврдени, за уште четири се чека резултат, вели Филипче

Објавено на

часот

Сподели

Во трите од потврдените случаи лицата се со лесна клиничка слика, а во четвртиот, пациент од Велес е хоспитализиран. Што се однесува до четирите случаи за кои се чека резултат, според Филипче, едниот пациент е во потешка состојба и е приклучен на респиратор во болница во Скопје.

Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), кажа дека овие случаи епидемиолошки не се поврзани, а нема информации дали патувале надвор од земјава, но се знае дека не биле вакцинирани. Сепак, порача дека вакцините штитат од потешка форма на болеста.

Тој додаде дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите иако засега само Грција бара потврди и ПЦР тестови, но таму има и најголем пораст на заразени од делта сој.

Според Филипче, неопходен е поорганизиран пристап во регионот и најави дека за заеднички ставови ќе разговара со колегите од соседните земји.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ