недела, 24 мај 2026
Време

Облачно и нестабилно со врнежи од дожд

Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 км/ч). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе е движат до 18 до 28 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дневни температури од 22 до 30 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ