понеделник, 11 мај 2026

Николоски: На автопатот Охрид-Кичево градиме архитектонско чудо

Автопатот Охрид-Кичево со силна посветеност ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови Силно напредува изградбата на автопатот Охрид – Кичево.
Свлечиштата на автопатот Охрид-Кичево, проблем кој ја блокираше целата изградба на автопатот, го решивме со најголемиот инженерски потфат во овој регион, со изградба на таканаречени галерии, напиша Александар Николоски, минитерот за транспорт на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

Со вкупно 14 галерии на цела траса создаваме безбеден автопат, автопат кој треба да биде сржта на економијата на западниот дел од земјата, напиша Николоски.
Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. Тоа денеска го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен на автопатот.
„Автопатот ќе го завршиме во рамките на рокот. Тоа е рок што не беше зададен од нас, туку од претходната влада, која не правеше ништо, освен што даваше рокови. Во првиот квартал в година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Кичево. За Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, што ги гради „Бехтел и Енка“, рокот е 2029 година, исто како и за автопатот Прилеп – Битола, од кој очекуваме едната лента целосно да биде готова во првата половина на 2027 година“, рече Николоски во изјава кај клучката Требеништа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ