сабота, 15 ноември 2025
Локални избори 2025

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници

Според податоците на Државната изборна комисија, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците, од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање, 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки.

Во Град Скопје, од 167.575 гласачи, 10.528 ливчиња биле неважечки, што претставува 6,3 отсто од вкупниот број. Тоа значи дека речиси секое шеснаесетто ливче во Скопје било неважечко.

Излезноста во Скопје во вториот круг изнесуваше 35,33 проценти, додека на национално ниво таа беше 47,16 проценти.

Во првиот круг од изборите за градоначалници, одржан на 19 октомври, од 885.085 гласачи, 53.724 ливчиња беа неважечки, што е околу 6,1 отсто. Излезноста во тој круг изнесуваше 48,30 проценти.

За изборот на градоначалник на Град Скопје во првиот круг, од 232.581 гласачи, беа евидентирани 12.359 неважечки ливчиња, а излезноста изнесуваше 49,04 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ