„Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме сè што е во наша моќ тоа да го направиме. И работам на еден таков проект, заедно со канцеларијата на Европската Унија. Се надевам дека многу скоро, до крајот на месецот ќе го објавиме – големината на овој проект и што ќе опфаќа овој проект за Кочани. Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените, ќе трае цел живот. Тоа не е сентимент што се губи преку ноќ. Но ние, како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата, и правда како што гледате, за разлика од принципот до сега – веќе има“, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски на новинарско прашање за притворот на реалниот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев додаде дека Обвинителството постапува согласно истрагата и тоа што бара обвинителството од Министерството за внатрешни работи, МВР го испорачува и „по ова прашање никој не треба да има дилема“.
„Тоа што ќе каже, и секој оној којшто е одговорен, согласно Јавното обвинителство – Министерството за внатрешни работи ќе постапи така. Така што, да ги оставиме да ја водат истрагата. Е сега жалам што одредени некрофили во политичките партии, кои се обидуваат преку овој случај да добијат некои политички поени. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг во глава и дека тоа не им е успешна мисија“, рече премиерот Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање.