понеделник, 11 мај 2026

Калас: Ќе разговараме за проширувањето и што друго може ЕУ да направи за земјите од Западен Балкан

Со „западнобалканските пријатели“ ќе разговараме за тоа што може да се направи повеќе, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

„На работен појадок ќе разговараме со нашите западнобалкански пријатели. Ова е можност да разгледаме што друго може да се направи. Тие се заинтересирани за нашата соработка во борбата против хибридните закани со кои се соочуваат, а за возврат очекуваме реформи од нив за да можеме да продолжиме со проширувањето. Ќе разговараме за проширувањето и што друго може ЕУ да направи за да можат земјите од Западен Балкан да постигнат напредок во реформите. ЕУ од земјите од Западен Балкан очекува да ја усогласат надворешната и безбедносната политика со Унијата и да ги спроведат реформите“, изјави Калас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ