На овој случај Финансиската полиција работела веќе пет месеци. Во случајот осомничени се Габриела Спасовска Крстевска, вработена во Пин петрол која работеле директно на средувањето на уплатниците при регистрацијата од Македонска пошта и управителот на Пин петрол Добрин Петрушевски.
При регистрацијата на секое возило, граѓаните на Македонија се обврзани да плаќаат надоместок за употреба на јавните патишта. Тој надоместок во моментов е околу 1.500 денари за патничко возило. Пин петрол имал договор со Македонска пошта за договорна пошта, што значи уплата на парите од уплатниците при регистрација да оди преку пошта. Во добро разработената шема при печатење на уплатниците, од трите ливчиња од една уплатница се правело два примерока на две различни имиња. Тоа значи дека со една уплатница се регистрирале две возила, а парите од регистрацијата за второто возило не се уплаќале на сметката на ЈПДП, туку оделе во џеб. Габриела Спасовска Крстевска, како поранешна вработена во Македонска пошта очигледно била добро упатена во шемата.
Откако се објави информацијата, комапнијата Пин петрол до медиумите испрати демант во кој се вели дека немаат никаква поврзаност со уапсената Габриела Крстевска.
„Ние како компанија немаме никаква сопственичка, правна и родбинска поврзаност со осомничената. Ние како правно лице имаме склучено договор со АД Пошта Македонија (подружница Пин петрол) за кое осомниченото лице Габриела Крстевска има работено. Како компанија најостро ги осудуваме ваквите наслови на некои медиуми и за какви било информации во врска со осомничената одговорите треба да ги барате во АД Пошта Македонија. Сета документација во врска со нашето правно лице се доставени до надлежните органи за кои имаме одговор дека немаме никаква поврзаност со овој настан“, се вели во демантот на Пин петрол.
Официјално, во овој случај осомничен е и управителот на Пин петрол, Добрин Петрушевски.
А.Д.