среда, 25 јуни 2025

Eкономскиoт напредок беше темата на средбата на гувернерот со претседателот на Стопанската комора

Монетарната политика, финансиската стабилност и пристапот до финансии за стопанството беа само дел од темите за кои денеска разговараа гувернерот Трајко Славески и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Народната банка, средбата била во духот на заедничката определба за поттикнување на економскиот развој и за зајакнување на институционалната соработка.

„На средбата беше нагласена важноста на постојаниот дијалог помеѓу носителите на економската политика и бизнис-заедницата, особено во контекст на актуелните светски и регионални економски предизвици. Претседателот Азески истакна дека Комората е подготвена за понатамошна активна соработка со Народната банка, изразувајќи поддршка за професионалноста и кредибилитетот што гувернерот Славески ги носи на оваа позиција. Во разговорот беа отворени теми поврзани со  , како и улогата на Народната банка во создавањето поволно деловно опкружување. Двете страни се согласија дека со заемна отвореност и координација може да се придонесе за поефикасно исполнување на стратегиските економски цели на земјата“, наведува НБМ.

Гувернерот Славески ја истакна заложбата на Народната банка за транспарентност, предвидливост и поддршка на стабилноста, како предуслов за одржлив раст. Тој упати благодарност за поддршката и изрази задоволство од иницијативите на Комората за продлабочување на комуникацијата со институциите од финансискиот сектор.

Средбата заврши во конструктивен дух, со договор за засилување на соработката преку редовни консултации и размена на анализи и мислења од заеднички интерес, соопшти НБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ