вторник, 21 април 2026

Заев: Наместо со камати, 150 илјади граѓани ќе ја отплатат само главницата од кредитот

Објавено на

часот

Сподели

Државните органи и јавните институции опфатени со законот, како и УЈП, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата за секој граѓанин во рок од 90 дена од влегување во сила на законот. Потоа, најдоцна за 15 дена ќе треба да ги известат физичките лица – нивни должници со јавна објава на официјалните веб страници, преку медиуми или на друг начин.

„Со законот се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физички лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репорограмирање на главниот долг и трошоци на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон“, рече премиерот и додаде дека законското решение нема да има финансиски импликации.

Според него, ова законско решение е еднократна помош за решавање на проблемот на граѓаните кои со задоцнетото плаќање или неплаќање на долговите, акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите. Законот ги опфаќа пред се посиромашните.

Овој закон, рече Заев, беше вклучен во петтиот пакет мерки и со него уште еднаш, како што нагласи, се потврдува грижата што ја води Владата за граѓаните во услови на корона – криза.

Заев ги повика приватните компании да демонстрираат општествена одговорност и на ист ваков начин да им излезат во пресрет на граѓаните. Тој објасни дека Владата нема право ваква законска обврска да им наложи на приватните компании, но упати апел до нив да го следат владиниот пример и да покажат разбирање за проблемите на граѓаните поради кои задоцниле со исплата на обврските.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ