среда, 15 април 2026

Повеќе од 6.000 причини зошто никогаш повеќе да не запалите цигара

Објавено на

часот

Сподели

Покрај тоа што цигарите се смртоносни по здравјето на секоја индивидуа, тие се опасни и за квалитетот на воздухот кој го вдишуваме, но и за животната средина. Зголемените температури во летниот период и невниманието од страна на човечкиот фактор фрлајќи неизгасени цигари се причина за најчестите шумски пожари кои ја загадуваат природата и го доведуваат во ризик животот на луѓето.

Чадот од тутунот, освен што го загадува воздухот, исто така преку согорувањето ослободува повеќе од 6.000 материи и предизвикува канцерогени заболувања. Истражувањата кои постојано се спроведуваат покажале дека никотинот не е примарниот причинител за болестите кои настануваат при пушењето, туку чадот од тутунот. Токму затоа, лекарите во последните 10 години интензивно работеа на менување на оваа штетна навика со подобар алтернативен производ кој е помалку опасен и е во согласност со унапредувањето на јавното здравје.

Уредот кој го загрева тутунот, а не го согорува е нова технологија, која е значително подобра за разлика од традиционалните цигари. Електронскиот уред не создава чад кој е полн со штетни соединенија, туку само го загрева тутунот на максимална температура до 350 степени, со што го ослободува вистинскиот вкус на тутунот. Предност кај овие уреди е што имаат помалку непријатен мирис, нема чад и пепел.

Постојат повеќе од 6.000 причини зошто никогаш повеќе да не запалите цигара. Но, единствениот начин за оние возрасни пушачи кои сакаат да продолжат да пушат, а да не го доведат во поголем ризик и да го сочуваат сопственото здравје е да почнат да ги користат електронските уреди.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ