среда, 15 април 2026

Од 15 јуни до 15 септември наградна игра на Стопанска банка – Битола и Мастеркард

Објавено на

часот

Сподели

Новата наградна игра „Одбери! Плати со Mastercard Debit! Добиј!“ на Стопанска банка а.д. Битола и Maстеркард почна на 15 јуни и ќе трае до 15 септември.

Право на учество во наградната игра имаат сите клиенти иматели на Mастеркард дебит (Мastercard Debit) картичка издадена од Стопанска банка а.д Битола, кои во периодот на времетраење на наградната игра (3 месеци) ќе извршат најмалку 15 успешни трансакции на ПОС терминали (физички или виртуелни) во износ еднаков или поголем од 2.000 денари.

Клиентот кој ќе ги направи  овие трансакции ќе добие бонус – електронски ваучер во износ од 1.000 денари на нивната и-мејл адреса. Потоа ваучерот банката ќе го трансферира во вид на поврат на средства на трансакциската сметка на клиентот во Стопанска банка а.д Битола. Поврат на средства ќе добијат првите 300 клиенти кои ќе го исполнат условот.

Дополнително, 500 пензионери, клиенти на банката, иматели на Мастеркард дебит картичка, покрај можноста за добивање на бонус – електронски ваучер од 1.000 денари, со извршување на најмалку 10 безготовински успешни трансакции во минимален износ од 500 денари на ПОС терминал (физички или виртуелен), во период на времетраење на наградната игра имаат можност да добијат и торба за пазарување со логото на Стопанска банка а.д. Битола и Мастеркард.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ