среда, 15 април 2026

Новите мерки ги испразнија трговските центри, прометот падна и до 40 отсто

Објавено на

часот

Сподели

„Уште од почетокот на пандемијата, трговските центри и дуќаните ги применуваат мерките за поголема борба против вирусот. Вработените и посетителите носат маски, имаме ограничувања на посетителите во продавниците, како и сигнализација на далечина, се користи дезинфекција, сите системи за вентилација редовно се чистат, дезинфицираат… Сепак и покрај сите овие мерки, втората мерка за вакцинирани лица целосно или со една доза, предизвика прометот да се намали за 40% и се соочивме со уште еден бран на економски пад“, велат од Фешн груп.

 

Тие велат дека максимално ги поддржуваат напорите на институциите во борбата против пандемијата, но сметаат дека мерките се остри и треба да се најде начин како да се регулира сето тоа, бидејќи во моментов трговските центри се речиси празни, посетеноста е намалена за 60 отсто во споредба со минатиот месец.

„Како трговски центар регистриравме големи загуби во последните 18 месеци, од почетокот на пандемијата. Сега за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, а сите вложуваме големи напори работата да ја спроведуваме според сите прописи. Можеби треба да се размисли за нова евентуална итна мерка, поточно посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како што е пример во поголемите европски земји“, предлагаат од Скопје сити мол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ