петок, 15 мај 2026

Код тврди дека мазутот во РЕК Битола имал повеќе вода и суплементи, Супертрејд демантира

Објавено на

часот

Сподели

После пишувањата на Код за се позачестениот увоз на опасно масло наместо мазут, царината и инспекторатот потпишаа мемурандум – дека ќе соработуваат. Сега за секој увоз на гориво, царината ги известува инспекторите за да се провери дали е потенцијална еколошка опасност течноста која е товарена во цистерните.

Така било и минатата среда. Инспекторите одлучиле да не се задржуваат цистерните за да нема застој, но конвојот со патрола бил пречекан пред вратите на РЕК Битола. Таму од сите цистерни се земени примероци за да се истражи што ќе соогорува рекот при неговото производство. Мострите се однесени во акредитирана лабораторија, а од РЕК Битола за Код известиле за резултите.

„На 25 јуни до АД ЕСМ, подружница РЕК Битола доставено е Уверение за квалитет на масло за горење – мазут, според кое во земениот примерок сите испитувани карактеристики, густина на 15 Целзиусови степени, точка на палење – затворен сад, кинематска вискозност на 100 Целзиусови степени, содржина на сулфур, содржина на кокс и пепел и топлина на согорување и се во границите на дозволеното. Во примерокот, единствено карактеристиката вода и седименти отстапува од најновиот правилник за квалитет на течни горива и македонскиот стандард за квалитет на масла за горење”, тврдат од РЕК Битола.

Код дознава дека во меѓувреме и државниот инспекторат за животна средина ѝ наложил на државните електрани да си ги испитаат примероците кои ги имаат во своите складишта во РЕК Битола. Таму во моментот на испитувањето се чувале 313 тони залиха на мазут од фирмата Супертрејд која според податоците од РЕК Битола ја снабдува скоро две годинии и од овие примероци се земени мостри за проверка.

РЕК Битола не бил единствената мета за проверка на крајните потрошувачи на мазутот кој доаѓа од сомнителните увозници. И поранешно кавадаречко Фени, а сега Еуроникел го троши во големи количини како гориво за производтсвото и од тамошните резерви биле земени мостри. Резултатите покажале дека во мазутот кој го користат има повеќе вода од дозволениот 1 процент, но не се знае кој е точно увозникот.

Проблем е што Еуроникел набавува од повеќе фирми, па не може да се следи трагата на оној кој го донел баш тој мазут кој бил затечен во резервоарите.

Супертрејд остро реагира и ги отфрла невистините и манипулативните тези, пласирани во прилогот, со наслов „Код: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот“ емитуван на ТВ Телма во сопственост на нашиот конкурент Макпетрол,  соопшти компанијата.

„Не почитувајќи ги основните новинарски начела да се слушне и втората страна, прилогот изобилува со лаги, смислени тези се со цел да се наруши угледот на Супертрејд. Неточна е информацијата дека во анализите извршени на мазутот што го увезува Супертерјд е пронајдено пепел и вода. Мазутот увезен од Супертрејд и дистрибуиран до крајниот потрошувач во целост одговара со утврдената регулатива и е во 100 отсто во состав согласно утврдените критериуми од страна на државата. Доколку согласно некоја регулатива овој производ не ги задоволува условите, тогаш треба да се смени регулативата, која уште еднаш потенцираме ја носи државата“, реагираат од Супертрејд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ