петок, 15 мај 2026

Клима уредите ја зголемија потрошувачката на струја, рекордот бил во четвртокот минатата недела

Објавено на

часот

Сподели

„Во јуни, од 01 јуни до 24 јуни 2021) потрошени се 321.548 MWh, што се должи на високите температури во втората половина на месецот. Најголема потрошувачка е регистрирана на 24.06.2021 (четврток) и изнесува 15.630 MWh. Четвртокот беше еден од најтоплите денови овој период, со минимални 19°С и максимални 30°С,  измерени на скопскиот Аеродром“, велат од ЕВ за МКД.мк.

За споредба лани вкупната потрошувачка на електрична енергија, во истиот период од 01.06.2020 до 24.06.2020 изнесувала 305.133 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период е 12.713 MWh. Разликата се јавува заради разликата на температурите, а оваа година во втората половина на месецот имаме значително повисоки температури од лани.

Инаку, како најголемо конзумно подрачје, овој тренд го следи и скопскиот регион, кој за овој период има вкупна потрошувачка од 122.068 MWh или во просек 5.068 MWh. И во скопскиот регион најголемата потрошувачка била на 24.06.2021 (четврток) и изнесувала 6.205 MWh.

Според податоците што ги добивме од ЕВН, во мај, пак, потрошени се 420.228 MWh, а најголема потрошувачка била регистрирана на 12.05.2021 и изнесува 14.224 MWh. Тогаш биле измерени минимални 12°С и максимални 25°С. 

Минатата година вкупната потрошувачка на електрична енергија, за периодот 01.05.2020 до 31.05.2020 изнесувала 412.323 MWh, а просечната дневна потрошувачка за тој период е 13.300 MWh.

Како најголемо конзумно подрачје, овој тренд го следи и скопскиот регион, кој за овој период има вкупна потрошувачка од 160.386 MWh или во просек 5.173 MWh. Најголемата потрошувачка имало на 12.05.2021 и изнесувала 5.257 MWh.

Од ЕВН додаваат дека нема опасност од недостаток на електрична енергија бидејќи компанијата секогаш однапред ги планира капацитетите на потрошувачка за секој корисник поединечно, со дополнително усогласување со планот за сезонската потрошувачка.

„За таа цел и се набавуваат и обезбедуваат потребните капацитети на електрична енергија и како резултат оваа компанија никогаш не се соочува со недостиг од електрична енергија“, ни изјавија од ЕВН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ