вторник, 21 април 2026

Азески: Акредитираните лаборатории на Макпетрол и Окта следна станица на посетите пред клучната средба со Владата

Објавено на

часот

Сподели

Акредитираната лабораторија на Макпетрол постои веќе 15 години, во неа се вложени 2,3 милиони евра, првичната акредитација е од Британското акредитивно тело, работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш поседува арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.

Ова е она што го видела делегацијата на Комората и од таму се надеваат дека истото ќе го видат и во лабораторијата во Окта. Во новата стратегија на Комората, како што велат оттаму, најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии и што создаваат производи со додадена вредност, со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија.

Претседателот на Стопанската комора, Азески вели дека компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија и дигитализација на процесите, со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост-ковид периодот  и со тоа да им се одаде признание за тоа како се понеле во една од најтешките кризи низ која што поминуваме.

„Бизнисот успеа да опстои и она што сега им е потребно на фирмите е силен импут. Затоа преку директните средби во самите објекти ги гледаме нивните потреби, но и барање во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во правец на отворање на инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност“, вели првиот човек на најголемата бизнис асоцијација.   

Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол Скопје, Андреја Јосифовски ги запознал присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива.

„Лоцирана во најголемиот склад на Макпетрол во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на био горивото“, посочи Јосифовски.

Освен за сопствените производи, контролите се вршат и за надворешни партнери, а пред се висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција. Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата на Макпетрол.

Во изминатиот месец претседателот Азески реализираше средби и со менаџерските тимови на Раде Кончар ТЕП и Сервис, Раде Кончар контактори и релеи, во фабриката Актива, Градежниот институт Македонија, Факултетот за информатичка технологија Финки итн.   

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ