Пријавувањето е сè уште отворено, но времето истекува. Според податоците од Бреинстер групацијата, веќе се пристигнати неколку десетици оригинални и иновативни предлози од средношколци ширум земјата, а нивниот број се зголемува од ден на ден.
Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај младите, како и да покаже дека добрата идеја може да започне во училишна клупа, а да заврши како успешна приказна.
Освен индивидуалната конкуренција, натпреварот создава и друг предизвик – која гимназија ќе се покаже како најкреативна, односно кој град ќе ја понесе титулата најиновативен, од каде доаѓаат новите млади „милионери“ во Македонија.

Освоените парични средства победниците може, но не мора да ги вложат за развој на нивната идеја. Едноставно е – ќе ги добијат, а може да ги трошат како што сакаат.
Организаторите повикуваат сите средношколци што имаат идеја – без разлика дали е поврзана со технологија, екологија, образование, дизајн или социјална промена – да се пријават што поскоро и да станат дел од највредниот средношколски натпревар во земјата досега.
Пријавувањето е во тек на milioner.mk, а финалето ќе се одржи во организација на Brainster и NU High School Academy.






