Министерот посочи дека со овој потег се очекува значително олеснување на метежот кој во летниот период е вообичаен, особено поради големиот број туристи од регионот кои патуваат кон Грција, како и дека чекањата од неколку часа се очекува да се намалат со подобрување на капацитетот и ефикасноста на граничниот премин.
Тошковски најави и долгорочна стратегија – пренасочување на товарниот сообраќај кон посебен граничен премин, слично на решението што веќе го применува Грција.