понеделник, 23 јуни 2025

Денеска завршни зборови на Обвинителството за двојното убиство

Во Основниот кривичен суд во Скопје со завршен збор на јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска денеска продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓоревска (14) и Панче Жежовски (74).

 

Објавено на

часот

Сподели

Во овој случај првообвинет е Љупчо Палевски-Палчо, поранешен претседател на Десна и неговите сопартијци Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се обвинети за две грабнувања и две тешки убиства, извршени на свиреп начин. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, е обвинет за помагање при грабнувањето на неговата ќерка.

Според обвинението, четворицата обвинети ги извршиле убиствата од користољубие. На 22 ноември 2023 година го грабнале Жежовски од неговиот дом во Велес, го врзале, го ставиле во гепек од неговиот „цитроен“ и се одвезле до месноста Кула. Таму имале претходно ископана дупка, го одвлекле врзаниот старец до неа, по што Палевски го убил со истрел во главата со пиштол со калибар од 9 милиметри. Го фрлиле во дупката и го закопале. Целта им била да му го земат „цитроенот“, за со тоа возило по некој ден да го грабнат девојчето Вања Ѓорчевска.

На 27 ноември 2023 околу 7.20 часот Велибор Манев и Боре Видевски ја грабнале малата Вања од влезот на зградата каде што живее, ја врзале, ја ставиле во вреќа и  ја ставиле во истиот гепек од „цитроенот“. Кешишев ги чекал пред влезот и тројцата ја одвезле Вања во местото Дупки, во близина на селото Бразда, на Скопска Црна Гора. Палевски им се придружил по пат со возилото „рено кангу“. Според обвинението, обвинението кај местото Дупки Палевски ладнокрвно ја ликвидирал Вања со истрел во главата.

Обвинителството го товари таткото на Вања, Александар Ѓорчевски дека му дал информации на Палевски кога неговата ќерка оди сама на училиште и со тоа помогнал во грабнувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ