Активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово (кај селата Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); во Општина Прилеп кај сelo Бешиште; и во Општина Прилеп и Општина Кавадарци помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен и селата Галиште и Ќесендре гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Под контрола се ставени пожарите во Општина Карбинци кај селото Јунузлија каде гореше шума, во Општина Делчево кај градската депонија Острец и во Општина Битола кај тунелот на патниот правец Битола – Ресен каде гореше ѓубре.






