вторник, 14 април 2026

Ако Груевски се врати, ќе оди на отслужување на затворската казна, вели Мицкоски

Ако избеганиот поранешен премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, ќе оди в затвор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јас немам никакви очекувања, но доколку се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за којашто сите закони важат и Влада којашто мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува потоа жалби. Но ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со којашто лицето за коешто вие зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ