Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, засега не е познато колку и кои возила учествувале во незгодата, а според информациите со кои таа располага нема загинати.
„Увидот на полицијата уште трае и заради тоа сообраќајот по магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица е пренасочен по стариот пат“, рече Трајанова.
Повеќе детали за сообраќајната незгода од полицијата најавуваат за подоцна.






