„Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми суров канабис“, јавиле грчките медиуми, а пренесува МИА од Атина.
Дрогата била разместена во 88 пакувања скриени во пет резервни гуми инсталирани под камионот.
Возачот на камионот е уапсен.






