сабота, 23 мај 2026

Во автобус царината заплени 1.000 непријавени антиген тестови за ковид-19

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 13 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М. од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија- Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени 3 пакети од патникот Б.С. од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за ковид-19 Hotgen, со вкупна вредност од околу 50.000 денари.
Стокaта е привремено одземенa, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, соопшти Царинската управа на Македонија.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ