„Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица“, потврдија од СВР Битола.
Истражната постапка е во тек, а по целосно документирање на несреќниот случај, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.






