
„Попладнево околу 18.30 во СВР-Тетово пријавена е сообраќајна незгода која се случила на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на наплатната рампа кај Гостивар.
Патничко моторно возило ‘фолксваген голф 5“ со странски регистарски ознаки се претвртело на коловозот, а било управувано од 50-годишниот Н.Р. од Неготино, полошко“, ни изјави Јосифоски.
Во несреќата возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, а 46-годишниот сопатник од истото село завршил со лесни телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а додека траел увидот сообраќајот било пренасочуван.






