недела, 24 мај 2026

Приведени двајца вооружени мажи, едниот пукал во воздух

Објавено на

часот

Сподели

„На подрачјето на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје вчера беа лишени од слобода Р.И.(39) и М.И.(47), поради постоење основано сомнение за кривичните дела ‘предизвикување општа опасност’ казниво по чл. 288 од Кривичен законик и ‘недозволено изработување држење и тргување со оружје и распрснувачки материјали’, казниво по чл.396 од Кривичен законик. Притоа, на приведените им е одземен пиштол, две рамки и седум куршуми калибар 9мм“, се вели во полициското соопштение.

Како што информираат од МВР, претходно Р.И. бил забележан како пука од огнено оружје во воздух.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ