Тогаш од болницата беше соопштено дека оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до ковид-одделенијата одело непречено преку главната цевка.
Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици.
Од увидот било утврдено дека со метален предмет било удирано врз цевките, една била пресечена, а другата свиткана.
Според информациите од МВР, се работи за А.Р., кој вчера попладне бил приведен на улица „Илинденска” во Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.






