недела, 24 мај 2026

Полицијата приведе маж што криел хероин во автомобил и во стан во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

При негова контрола и преглед во возило „форд пума”, со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во координација со jавен обвинител, а врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен и претрес во станот во кој престојува во Скопје, при што, исто така, бил пронајден и одземен хероин, вага со остатоци од хероин и смеса за мешање на оваа наркотична дрога, се наведува во соопштението од МВР.

И.С. бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ