Министерството за внатрешни работи информира дека за брзо возење низ Скопје се казнети 28 возачи, четворица возачи биле под дејство на алкохол, шест разгоарале на мобилен телефон додека возеле, двајца поминале на црвено светло. Казнети се и 47 сопственици чии возила биле непрописно паркирани.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, предупредуваат од МВР.






