„На граничен премин Табановце полициски службеници го лишиле од слобода Ф.А.(54) од с.Праленик- Центар Жупа бидејќи при извршена контрола било констатирано дека истиот се бара за издржување затворска казна поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.297 став 3 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.
Вчера во 21.30 часот на граничен премин „Табановце” од полициски службеници е лишен од слобода Г.Б.(23) од Косово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ‘послуга со туѓа патна исправа’, бидејќи истиот при пасошка контрола приложил француска патна исправа на име M.З(18) од Франција. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Вчера на граничен премин Меѓународен аеродром Скопје од полициски службеници е лишен од слобода З.С.(30) од с.Неготино, гостиварско бидејќи по извршена пасошка контрола констатирано е дека истиот евидира во службената евиденција со мерка „апси” поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.322а, став 3 од Кривичниот законик. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка“, се вели во билтенот на МВР.






