сабота, 23 мај 2026

Момче тешко повредено откако со моторцикл излетало од патот

Објавено на

часот

Сподели

Мотоцикл јамаха р-6 со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(27) од Битола, вчера во 18:57 часот на автопатот Скопје-Велес, во близина на угостителски објект, изгубил контрола и излетал од патот, соопштуваат од МВР. 

По незгодата Д.Н. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ