Денес во 01:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во село Делогожда, струшко, Г.С.(61) од село Делогожда, управувајќи мопед „генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт.






