недела, 24 мај 2026

Кочанчанец во седум наврати злоупотребил лични податоци на друго лице

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот, во периодот од 03.03.2020 до 02.04.2020 година, откако претходно ги набавил личните податоци и податоците за трансакциска сметка на В.С. од село во кочанско, без негова согласност ги искористил во седум наврати за да аплицира за брзи кредити во различни финансиски друштва. Потоа, го довел во заблуда оштетениот дека треба да оствари прилив на парични средства од неговиот татко, кој е на привремена работа во Италија, и заради блокирана сметка побарал парите да бидат исплатени на негова сметка и го навел да му ја даде дебитната картичка од каде подигнал 125.453 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ