Министерството за внатрешни работи соопшти дека за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила и девет за непрописно паркирање.
Полицијата апелира да се почитуваат сообраќајните прописи и правила и предупредува дека ќе продолжи со секојдневните засилени контроли низ целата земја.






