Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден казнила вкупно 177 учесници во сообраќајот – за брзо возење 23 возачи, 15 санкции за возење без возачка дозвола, две казни за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила, како и 49 глоби за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР и апелираат да се .почитуваат сообраќајните правила и прописи.






