петок, 1 мај 2026

Загреб за ситуацијата на северот на Косово: Во таков гард тешко ќе напредуваат кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„На сите меѓународни форуми ставот на Хрватска секогаш бил дека треба да надвладеат пораките за смирување на тензиите и намалувањето на непријателствата“, кажа Пленковиќ во Загреб.

Ситуацијата ја искоментира и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ кој на новинарите во Сплит им кажа дека ситуацијата на Косово не ја загрозува директно Хрватска, но дека таа ги набљудува односите на Белград и Приштина.

Тој наведе дека Косово одговорило реципрочно на мерката која Србија ја применува веќе 20 години дека низ Србија не може да се помине со косовски таблички.

„Косово можеби е мало, што би рекле Србите бандоглаво сега бара ист аршин за возилата кои доаѓаат од Србија. Кој тоа ескалира?“, праша Милановиќ.

Тој оцени дека и Белград и Приштина тешко во „таков гард ќе напредуваат понатаму кон Европската Унија“, но дека состојбата е потешка за Косово кое со години не го признаваат сите членки на ЕУ.

Милановиќ додаде дека и тој може да повика на „деескалација, како што тоа со години го прави европската дипломатија и никогаш не прави ништо“.

„Не знам, можеби требаше да ги покријат ушите и да молчат“, кажа хрватскиот претседател.

Потоа ја цитираше поговорката „Волкот има право на својата овца, а тиранинот на слабиот човек“ и заклучи дека „суштината е во тоа да се спротивставиш’.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ