Инцидентот на Балканот за кој, како што пишува американскиот весник, претходно немало извештаи, е последниот во низата на она што американските власти го сметаат за постојан напад со нешто што, како што се сомнева, може да биде некој вид насочен енергетски извор.
Околу двесте американски функционери и членови на нивните семејства се разболеа од таканаречениот „Хавански синдром“, мистериозна болест чии симптоми се мигрени, мачнина, нарушување на памтењето и вртоглавица, пишува Ројтерс.
Дипломати на американската амбасада го пријавија првиот случај во 2016 година.
Кон средината на јули повеќе од дваесет функционери на САД во Виена пријавија симптоми слични на Хаванскиот синдром, откако претседателот на САД Џо Бајден ја презема должноста во јануари.
Во извештај на американската влада објавен минатата година се наведува дека „насочена радио-фреквенција“ е најверојатното објаснување за мистериозните симптоми кои ги имаат дипломатите во американските амбасади низ светот.






