На социјалните мрежи се појавија снимки од огнената стихија која избила од водата и личела на стопена лава. Корисниците на мрежите го нарекоа феноменот „огнено око“ поради кружниот облик, пишува Ројтерс.
Компанијата Пемекс наведе дека биле потребни повеќе од пет часа за пожарот целосно да се изгаси.
Пожарот почнал во подводниот гасоводот на нафтената платформа на Пемекс Ку малуб зап. Компанијата наведе дека во инцидентот немало повредени и дека е отворена истрага за причината на пожарот.
A pipeline ruptured in the Gulf of Mexico and now the ocean is on fire ? pic.twitter.com/BfPpTLkG8H
— Pomp ? (@APompliano) July 2, 2021
Анхел Каризалес, шеф на мексиканската регулаторна агенција АСЕА, напиша на Твитер дека „пожарот не предизвикал истекување“, но не објасни што тогаш горело на површината на океанот.
Нафтената платформа Ку Малуб зап е најголемиот произведувач на нафта на Пемекс и произведува повеќе од 40 отсто од речиси 1,7 милиони барели дневно производство.
„Платформата Ку малуб зап ја погодија силно невреме и дожд“, се наведува во извештајот за инцидентот.






