среда, 6 мај 2026

Во Грција верниците на влез во црква треба да покажат негативен тест

Објавено на

часот

Сподели

Согласно новите правила воведени на 18 ноември, на невакцинираните лица им е забранет пристап во затворени простори, што ги вклучува рестораните, кината, музеите и салите за вежбање, дури и ако се негативни на тест за коронавирусот.

Кога станува збор за црквите, верниците денес за првпат мораа да покажат негативен тест за да присуствуваат на миса.

„Оваа мерка е воведена за да се заштитиме себе и населението“, кажа отец Христос, свештеник ви црквата Ајос Спиридон во Пиреј.

„Можеби на почетокот ќе биде малку тешко, но ќе бидеме истрајни бидејќи сме должни да ги почитуваме сите мерки“.

Некои верници кажаа дека на неделните миси во последно време доаѓаат помалку луѓе од вообичаено, бидејќи државата од невакцинираните бара самите да си го платат тестирањето, што е значителен трошок за повеќето семејства.

Но од четирите цркви во кои денес бил новинарот на Ројтерс, само пред една волонтер проверувал потврди за негативен тест.

Во Грција месецов е евидентиран голем пораст на бројот на новозаразените, а и во дневниот број на случаи на зараза достигна рекордни бројки.

Од почетокот на епидемијата до саботата таму се забележани 920.683 заразени лица со коронавирусот и 17.861 смртен случај од последици на ковид-19.

„Не ми се допаѓа оваа идеја, но што да правиме? Се придржуваме до мерките, но црквата е денес празна. На луѓето цената за тестирање им е очигледно превисока, бидејќи во некои случаи на мисите присуствуваат цели семејства“, вели една локална жителка.

Хрисула Безентаку за Ројтерс вели дека верува дека луѓето се плашат: „Луѓе не сакаат да прават ни брзи тестови ни да се вакцинираат. Мислам дека сè тоа е психолошко“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ